Banner Health Claims

Здравствени тврдења

Last reviewed date:

Здравствени и нутритивни тврдења – дали може да верувам во тоа што се кажува за корисните ефекти на храната?

Кога на пакувањето на храната ќе видите здравствено тврдење како што е „може да го намали холестеролот", дали може да му верувате? Во ЕУ, регулативите обезбедуваат дека сите здравствени тврдења наведени на етикетите, во рекламите или на другите рекламни материјали се поткрепени со цврсти научни докази и се јасно разбирливи за потрошувачите.

Што се здравствени тврдења?

Здравствено тврдење е секоја изјава која поврзува храна или состојка со конкретна здравствена придобивка. Примери:

  • „Ја намалува телесната тежина“
  • „Го поддржува имунолошкиот систем“
  • „Ја одржува нормалната мускулна функција“

Здравствените тврдења се одобруваат само по темелна научна проценка од страна на ЕФСА. До денес, ЕФСА има проценето над 2.300 барања за здравствени тврдења.

Нутритивни наспроти здравствени тврдења

Додека здравствените тврдења се фокусираат на врската помеѓу храната и здравјето, нутритивните тврдења го истакнуваат составот на самата храна. Примери за нутритивни тврдења:

  • „Нискомасно“
  • „Без додаден шеќер“
  • „Богато со влакна“

Двата вида тврдења се регулирани за да се обезбеди дека се научно поткрепени и не доведуваат во заблуда.

Како научници во ЕФСА, темелно ги оценуваме научните докази што стојат зад здравствените тврдења на амбалажата на храната, грижејќи се потрошувачите да можат да им веруваат на информациите врз кои се потпираат при донесувањето информирани одлуки.

Ленг Хенг, експерт за нутриционизам во ЕФСА.

Заштита на потрошувачите

Европските и националните тела соработуваат за да ги заштитат потрошувачите од лажни или претерани тврдења за прехранбените производи. Овој систем обезбедува дека:

  • Потрошувачите можат да донесуваат информирани одлуки.
  • Тврдењата се разбирливи и засновани на докази.
  • Тврдењата што доведуваат до заблуда или непоткрепените тврдења не се дозволени на пазарот.

Што покажуваат бројките?

Заклучно со 2023 година:

  • Над 260 здравствени тврдења се одобрени за користење во ЕУ од страна на Европската комисија
  • Повеќе од 70 % од проценетите тврдења се одбиени поради недостаток од научен доказ.
  • Некои примери на одобрени тврдења се однесуваат на хранливи материи како што се витамин D (здравје на коските), омега-3 масни киселини (здравје на срцето) и влакна (здравје на дигестивниот систем).

Што значи ова за вас

Кога ќе видите здравствено или нутритивно тврдење на производ во ЕУ, може да бидете сигурни дека поминал низ строга проверка. Сепак, секогаш имајте предвид дека ниту една храна или додаток во исхраната не може да замени балансирана, разновидна исхрана и здрав начин на живот.

Мешани јаткасти плодови и семиња