Banner Food Supplements

Додатоци во исхраната

Last reviewed date:

Дали една таблета дневно е доволна за да бидете здрави? Истражување на додатоците во исхраната и нивната улога во здравјето

Додатоците во исхраната, честопати дел од секојдневните навики, стануваат сè попопуларни како во ЕУ, така и нашата земја. Со производи од витамин D до билни екстракти како женшен и лук, овие додатоци се рекламираат како практични начини за одржување на здравјето, подобрување на физичката состојба или зајакнување на имунитетот. Но запомнете, додатоците треба да ги дополнуваат, а не да ги заменуваат, здравата исхрана и здравиот начин на живот.

Разбирање на додатоците во исхраната и придобивки од нив

Додатоците во исхраната или диететските додатоци се концентрирани извори на хранливи материи како што се витамини, минерали, аминокиселини, ензими и растителни состојки, достапни во форма на таблети, капсули, прашоци и течности. Се продаваат во аптеки, супермаркети, специјализирани продавници и преку интернет. Иако многу додатоци имаат долга историја на употреба во Европа и во С. Македонија, постои загриженост за безбедноста и квалитетот, како што се ризиците од контаминација и потребата да се обезбеди дека концентрациите на биоактивните супстанции остануваат во рамките на безбедните граници.

Додатоците во исхраната главно се оценуваат и се регулираат на национално ниво во ЕУ. Меѓутоа, ЕФСА има клучна улога во осигурувањето безбедност преку давање научни мислења за супстанциите што се користат во додатоците, особено за оние без историја на безбедна употреба во ЕУ пред 1997 година или на барање на земја членка.

Растителни состојки во додатоците во исхраната

Растителните состојки – препарати што се добиени од растенија, алги, габи или лишаи – се вообичаени во додатоците во исхраната во ЕУ, па и кај нас. Меѓу популарните примери спаѓаат:

  • Женшен: промовиран поради својствата за подобрување на енергијата.
  • Гинко билоба: често се рекламира како помош за когнитивните способности.
  • Лук: во врска со здравјето на срцето.

Иако нивната употреба е широко распространета, нивните ефекти можат да се разликуваат, а некои можат да стапат во интеракција со лекови или да предизвикаат несакани реакции.

Дали ви се потребни додатоци во исхраната?

Додатоците во исхраната имаат специфични намени:

  • Помош при недостатоци: за групи како што се бремени жени или луѓе со ограничена изложеност на сонце.
  • Помош при перформансите: во спортот или когнитивните задачи.
  • Одржување на општото здравје: дополнување на здравиот животен стил.

Сепак, тие не се замена за балансирана исхрана. Повеќето луѓе ги задоволуваат своите потреби за хранливи материи преку храна, a значаен исклучок e витаминот D во регионите со мала изложеност на сонце. Прекумерната употреба на додатоци може да доведе до штетни ефекти, бидејќи повисоките дози не се задолжително подобри за здравјето. 

Земјите на ЕУ го регулираат пазарот на додатоци во исхраната на национално ниво. Кога имаат некаква загриженост за некој од нив, од нас се бара да направиме проценка на безбедноста.

Аријане Тиц, научник за нутриционизам во ЕФСА.

Регулатива и безбедност во ЕУ

Производителите мораат да обезбедат нивните производи да бидат безбедни, соодветно означени и да ги исполнуваат пропишаните нивоа на хранливи материи. Европските научници ги оценуваат супстанциите без историја на безбедна употреба и даваат насоки за потенцијалните ризици.

Клучни препораки за потрошувачите

  • Избирајте паметно: консултирајте се со здравствен работник пред да започнете со земање додатоци.
  • Прво фокусирајте се на исхраната: балансираната исхрана е основа на здравјето.
  • Информирајте се: користете проверени извори и потврдени производи.
  • За повеќе информации за додатоците во исхраната, посетете ја Кампањата за безбедност на храната на ЕФСА.

Со разбирање на улогата на додатоците во исхраната, потрошувачите можат да носат информирани одлуки за поддршка на своето здравје, истовремено намалувајќи ги ризиците. Запомнете, додатоците во исхраната треба да ги надополнуваат, а не да ја заменуваат правилната исхрана и здравиот начин на живеење. 

Витамински додатоци